Search

Роузи Хантингтон никој ја нема видено топлес, а сега објави таква фотографија на „Инстаграм“

Манекенката Роузи Хантингтон Вајтсли ги поминува деновите во изолација со сопругот и синот, при тоа времето го скратува со социјалните мрежи и виртуелна комуникација со пријателите и обожавателите.

Таа е позната по тоа што честопати ги споделува своите шик модни изданија на „Инстаграм“, а жените обожаваат фотографии од нејзината гардероба каде што убавата русокоса ги покажува трендовски парчиња што ги носи.

Сега поголемиот дел од времето го поминува во тренирки, па објави фотографија на која носи сива, удобна тренирка, додека горе не носи ништо!

https://www.instagram.com/p/B-YGFiEHXB7/

Таа позираше во огледалото, истакнувајќи ги своите совршено обликувани стомачни мускули, а бујните гради ги криеше со рацете. Фотографијата има над 300.000 допаѓања и многу комплименти.

Роуз редовно објавува фотографии без шминка во карантин, докажувајќи дека воопшто не и е потребна, и ги повика луѓето да останат поврзани и во овие времиња, и дека се надева дека ќе се прилагодат на животот дома без да мора да излезат надвор.

Треба да знаете
Последни објави