Search

Рос Браун гледа надеж за Шумахер

Еден од најблиските пријатели на Михаел Шумахер верува дека се уште постои надеж дека легендарниот пилот ќе закрепне. Рос Браун е познат како генијот, кој стои зад доминацијата на седумкратниот светски шампион во „Ферари“, и тие брзо станаа добри пријатели.

Пред „Радио Би-Би-Си”, Браун инспирираше надеж за навивачите, велејќи дека семејството на Шумахер очекува скорешен напредок во неговото закрепнување.

– Сите сме оптимисти дека решенија ќе се најдат во иднина. Ќе дојде време кога работите за Михаел ќе се придвижат напред. Тие се неверојатно семејство, многу балансирано, многу посветени на своите цели и во исто време го поддржуваат Михаел, изјави поранешниот шеф на „Ферари“ и „Мерцедес“.

Треба да знаете
Последни објави