Search

„Ростек“: Русија е подготвена да разговара за испорака на борбени авиони Су-35 во Турција

Сергеј Чемезов, шеф на државната корпорација „Ростек“, изјави дека Москва може да постигне договор со Анкара за испорака на воените авиони Су-35, пренесува „Спутник“.

„Ако нашите турски колеги изразат желба, подготвени сме да реализираме испорака на борбени авиони Су-35″, изјави Чемезов.

Изјавата доаѓа откако Вашингтон најави дека одлуката на Турција за купување руски системи за воздушна одбранаС-400 ја прави нејзината континуирана инволвираност со Ф-35 невозможна.

Пентагон во јуни објави дека нема да прифати повеќе турски пилоти за обука за Ф-35, освен ако Анкара не го повлече договорот со Русија, но Анкара одби да ги исполни условите на САД, потврдувајќи го договорот вреден 2,5 милијарди долари за испорака на системите С-400 .

Треба да знаете
Последни објави