Search

Росарио Досон призна дека е во врска со кандидатот за претседател на САД

Актерката Росарио Досон (39) ги потврди озборувањата дека е во врска со американскиот демократски сенатор и претседателски кандидат Кори Букер, опишувајќи го како „прекрасен човек” на кој му се восхитува.

Сенаторот Букер претходно изјави за новинарите дека е „во врска со некоја посебна”.

На прашањето како се развива врската со Букер, Досон рече „За сега, прекрасно. Тој е прекрасен човек. Убаво е да се поминува времето заедно, секогаш кога можеме … и двајцата сме многу зафатени со работата. Убаво е да се биде со некој што го почитувате, го сакате и му се восхитувате, со човек кој е многу мил и внимателен.”

https://www.instagram.com/p/BoK5vJggL8C/?utm_source=ig_embed

Досон е американска актерка со порториканско и афро-кубанско потекло. Таа е коосновач на хиспанофонската организација „Вото Латино“. Вниманието го привлече како тинејџерка со настапот во контроверзниот филм „Кидс“, по што следуваа голем број значајни улоги во опсег од нискобуџетни независни филмови до големи блокбастери.

„Њујорк пост“ напиша во јануари дека актерката и поранешниот градоначалник на Њуарк (Њу Џерси) се во врска од декември 2018 година.

https://www.instagram.com/p/BuL-uMKhSAV/?utm_source=ig_embed

Американскиот демократски сенатор од Њу Џерси, Кори Букер (49), во почетокот на февруари, најави дека ќе биде еден од кандидатите во претседателската трка во 2020. Во 2006 година Букер стана градоначалник на Њуарк, најголемиот град во Њу Џерси, а пред седум години стана сенатор.

Треба да знаете
Последни објави