Search

Рони О’Саливен: Младите се толку лоши што би требало да останам без рака за да испаднам од топ 50

Легендата на снукерот, Рони О’Саливен даде брутална изјава која оддекна меѓу вљубениците на овој спорт, но искрените изјави никогаш не биле проблем за великанот.

О’Саливен во моментов е на Светското првенство, а негов ривал во четвртфиналето ќе биде Марк Вилијамс, човек кој стана професионалец како Рони во 1992 година. Тие го одиграа својот прв натпревар во 1994 година и сега повторно ќе се натпреваруваат.

Кога новинарот го потсети на тој факт и го праша дали може да верува дека игра против Вилијамс толку многу години подоцна,следуваше брутален одговор.

https://youtu.be/NNwqSFNN3p0?t=184

– Ако ме прашавте тогаш, ќе речев не. Сепак, ако ги погледнете сегашните играчи, тогаш да, можам да кажам дека би поверувал во тоа. Кога ќе ги погледнете помладите играчи тие не се толку добри. Повеќето веројатно би биле добри на аматерско ниво, дури и таму е прашање. Многумина се толку лоши. Би морал да останам без рака или нога за да не испаднам од првите 50. Ова е причината зошто ние сме тука толку долго. Работите се навистина лоши, рече О’Саливан.

Тој потенцираше дека играњето веќе некое време му доаѓа како еден вид хоби.

-Не ми е грижа дали победувам или губам, сакам да играм. Сега повеќе уживам во последните натпревари, фокусиран сум на мојата работа, ментално сум таму каде што треба да бидам, вели Рони.

Треба да знаете
Последни објави