Search

Роналдо ќе „диригира“ околу трансферите во Јувентус: Тројца фудбалери стигнуваат во Торино по препорака на Португалецот

Италијански весник утрово пренесува дека од таборот на Јувентус се согласиле да ги задоволат побарувањата на Кристијано Роналдо кога се работи за носењето на нови фудбалери во клубот.

Наводно, Португалецот побарал во Торино да пристигнат тројца нови фудбалери кои според него значително ќе го зголемат квалитетот на тимот.

Весникот  успеа да стигне до имињата кои се желби на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Прв на листата бил Иско кој е на излезните врати од Реал Мадрид. Сантијаго Солари не смета на шпанскиот фудбалер, а одличниот офанзивен играч се почесто јавно го покажува своето незадоволство. За него сериозен интерес има од Челси и Манчестер Сити, па Јувентус ќе мора да се помачи за да стигне до неговиот потпис.

Втор на листата е бразилскиот бек Марсело кој би требало да пристигне во Јувентус како замена за Алекс Сандро. Иако Сандро неодамна потпиша нов договор би можел да си замине само поради фактот што Роналдо посакува Марсело да стигне во Јувентус.

Последен на листата на желби на Роналдо бил Хамес Родригез на кој следното лето ќе му заврши двегодишната позајмица во Баерн Минхен, а Германците веројатно нема перманентно да го зачуваат во своите редови. Роналдо го посочил Хамес како идеална замена за Марио Манџукиќ кој на лето ќе направи богат трансфер во Кина.

Треба да знаете
Последни објави