Search

Роналдо честел вечера во Доха, тројца од соиграчите не се појавиле

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо (37) ги награди соиграчите (3:2) со вечера по победата над Гана (3:2) на почетокот на Светското првенство.

По натпреварот во кој постигна гол и влезе во историјата како единстврниот играч кој бил стрелец на пет Мундијали, Роналдо, за соиграчите организирал вечера во луксузниот ресторан Тател де Доха и ја платил целата сметка.

Како што објавија британските медиуми, тројца од 25. соиграчи на Роналдо не се појавиле. Тоа се Хозе Са, Бернардо Силва и Жоао Кансело.

На турнејата во Катар овие тројца се со своите семејства и сакале слободното време да го минат со своите најблиски отколку да бидат на вечерата организирана од Роналдо.

Роналдо зад себе имаше турбулентен период. Тековната сезона беше катастрофа за него во Манчестер јунајтед, а откако даде експлозивно интервју за Пирс Морган, во кое го клеветеше клубот и неговите поранешни и сегашни менаџери и играчи, клубот му го раскина договорот.

Треба да знаете
Последни објави