Search

Роналдо со услов до Реал: Плата од 75 милиони евра годишно или заминува од клубот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, побара шестгодишен договор со Реал Мадрид и зголемување на примањата на вртоглави 75 милиони евра по сезона.

 

Како што тврдат шпанските медиуми, ова е наводно условот кој го поставил Португалецот до управата на Кралскиот клуб, доколку сакаат да остане и понатаму во Мадрид.

Роналдо моментално со тројниот последователен европски првак има договор до летото 2021 година, но веднаш после победата над Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите, тој изрази задоволство истакнувајќи дека „било убаво во Мадрид“, најавувајќи дека постои можност да си замине.

Ако е ова точно и ако Кралскиот клуб му излезе во пресрет, годишните примања на Кристијано ќе пораснат за дури 30 милиони евра и тој ќе стане убедливо најплатениот фудбалер на светот, пред Лионел Меси од Барселона, кој заработува вкупно 50 милиони евра.

На тој начин тој веројатно и би ја завршил богатата кариера во Реал Мадрид, каде пристигна пред речиси десет години од Манчестер Јунајтед во 2009 година.

Меѓутоа, иако Роналдо игра на врвно ниво и на 33 години, до моментот на истекот од шестгодишниот договор тој ќе биде на чекор од четириесеттата година, а прашање е дали Мадриѓаните ќе се согласат да му дадат толку богат договор на ветеран.

Треба да знаете
Последни објави