Search

Роналдо со првиот гол постигнат од пенал од трагичар стана спасител за Ал Наср

Прескапо платениот португалски фудбалски интеранционалец Кристијано Роналдо кој на залезот од својата кариера заработува 200 милиони евра по сезона, конечно го постигна својот прв гол во дресот на Ал Наср на натпревар од шампионатот во Саудиска Арабија. Роналдо погоди од белата точка и му обезбеди реми на својот тим на гостувањето против Ал Фатех (2:2).

Ал Наср имаше негатива од 2:1 кога во судиското продолжение од второто полувреме беше досуден пенал кој Роналдо рутински го претвори во гол за конечни 2:2. Со тој погодок, Португалецот од трагичар се претвори во спасител, бидејќи во првото полувреме не реализираше две стопроцентни шанси за гол.

Треба да знаете
Последни објави