Search

Роналдо се соочува со суспензија од ЛШ поради „непристојно однесување“

Јувентус би можело да остане без најдобриот играч, Кристијано Роналдо, во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Од УЕФА денеска беше најавено дека е отворено обвинение за „непристојно однесување“ против Роналдо, кој изведе контроверзна прослава на натпреварот против Атлетико Мадрид.

 

Откако го комплетираше хет-трикот против Атлетико Мадрид, кој го однесе Јувентус во четвртфиналето, Кристијано Роналдо се израдува со истата прослава која на првиот меч ја приреди Диего Симеоне.

УЕФА ќе ја донесе конечната одлука на 21 март и потоа ќе одбере на кој начин ќе биде казнет португалскиот ас. Првиот натпревар помеѓу Ајакс и Јувентус се игра во Амстердам на 10 април.

Треба да знаете
Последни објави