Search

Роналдо се откажува од 3,8 милиони евра за да нема откази во Јувентус

Откако Кристијано Роналдо и капитенот Џорџо Кјелини се согласија, и другите фудбалери и раководството на Јувентус се согласија за намалување на платите во клубот, како мерка за избегнување на откази поради кризата што е предизвикана од пандемијата од новиот коронавирус.

Роналдо годишно заработува 31 милион евра, а сега реши да се откаже од 3,8 милиони евра за да може да има тековна исплата на персоналот кај „Старата дама”.

Португалецот во изминатиот период ја истакна својата хуманост во екот на ширење на болеста Ковид-19. Заедно со неговиот менаџер Хорхе Мендеш донираа голема количина на медицинска опрема за болниците во Порто и во Лисабон.

Болницата Санта Клара во Лисабон доби 10 кревети со респираторни машини, ЕКГ монитори, пумпи за инфузија и инјекции, а за болницата Санто Антонио во Порто донираа 15 кревети за интензивна нега, респиратори, ЕКГ монитори и останата опрема.

Треба да знаете
Последни објави