Search

Роналдо се изедначи со Меси по број на нереализирани пенали

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо не успеа да реализира пенал синоќа на натпреварот од 20. коло на Италијанскиот шампионат против Киево (3: 0). Ова за Португалецот беше 25 неуспешен обид од белата точка.

 

Воедно, Роналдо со 25 промашени пенали во неговата кариера, се изедначи со неговиот најголем ривал Лионел Меси.

Што се однесува до успешните обиди, Роналдо има 108, додека капитенот на Барселона 139 погодоци од 11 метри.

Треба да знаете
Последни објави