Search

Роналдо очекува титули со Тен Хаг

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо оцени дека Манчестер јунајтед го очекува светла иднина под водство на новиот тренер Ерик Тен Хаг.

Педесет и две годишниот Тен Хаг на крајот на сезоната го напушта Ајакс и се сели на клупата на Манчестер јунајтед, откако минатиот месец потпиша договор со премиерлигашот до лето 2025 година, со можност да ја продолжи соработката за уште една година.

– Сите сме среќни и возбудени, не само како играчи, туку и како навивачи. Мораме да веруваме дека следната сезона ќе можеме да освојуваме титули. Знаме дека (Тен Хаг) заврши одлична работа во Ајакс. Тој е искусен тренер, но мораме да му дадеме време, изјави синоќа Роналдо.

Манчестер јунајтед сезонава не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампиони и на коло пред крајот на сезоната во Англија е шестопласиран со 58 бодови, 31 помалку од градскиот ривал Манчестер сити на врвот на табелата.

Треба да знаете
Последни објави