Search

Роналдо обвинет за грубо и агресивно однесување

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е обвинет за грубо и агресивно однесување по натпреварот од англиската Премиер лига со Евертон на „Гудисон парк“ (1:0), одигран на 9.април.

По натпреварот Португалецот му го скрши телефонот на еден млад навивач на Евертон. Во моментот додека тој одеше кон соблекувалната, еден млад навивач на домашната екипа му го подаде телефонот. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, разочаран од поразот, само замавна и му го исфрли телефонот од рака на момчето. Уредот паднал на земја и се скрши.

Подоцна беше откриено дека станува збор за 14.годишно момче со аутизам. Кристијано Роналдо подоцна се извини за инцидентот, а полицијата ја заврши истрагата во август.

Сепак, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) дури сега одлучи официјално да го истражи овој инцидент и да го обвини играчот на Манчестер јунајтед. Се уште не е познато каква казна ќе му определи ФА на Португалецот.

Во меѓувреме, мајката на детето најави дека ќе поднесе тужба против Кристијано Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави