Search

Роналдо: Не се согласувам за голман да се платат 80 милиони евра

Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо кажа нешто што сигурно нема да им се допадне на голманите ширум светот, посебно на оние врвните. Според Португалецот, дефанзивците, а посебно голманите не можат да чинат 80 милиони евра.

-Тешко е да се прават пресметки во современиот фудбал. Клубот презема ризици со купување играчи кои имаат одреден потенцијал, а фудбалската индустрија е различна. Тие можат да платат 100 милиони евра за секој играч, дури и ако тој не покажал ништо. Денес во фудбалот има повеќе пари. Централниот дефанзивец и голман може да чини 70 или 80 милиони евра. Не се согласувам со ова, но таков е светот во кој сега живееме, а вие мора да го почитувате, изјави Роналдо.

Пред две години Роналдо од Реал Мадрид премина во Јувентус во трансфер вреден 100 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави