Search

Роналдо: Мојата улога во тимот е да постигнувам голови и да помагам со искуство, сакам да ги правам луѓето среќни

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо зборуваше за неговата улога во тимот.

– Секој треба да ја знае својата улога. Ја знам мојата улога во тимот и клубот … Се работи за постигнување голови, помагање на тимот со искуство и знаење за играта. Ако сите мислат исто, се жртвуваат за доброто на тимот, мислам дека ќе станеме подобри. Имаме фантастични навивачи, фантастичен стадион, фантастичен тим, па мораме да продолжиме со добрата работа. Мотивиран сум да го правам своето, да ги усреќам луѓето, семејството, фановите и себеси. Сакам да ја подигнам границата уште повисоко. Сакам да продолжам да играм фудбал. Сакам да ги правам луѓето среќни, изјави Роналдо.

Португалецот во средата го постигна победничкиот гол за Манчестер јунајтед на дуелот со Аталанта во 3. коло од Лигата на шампионите и уште еднаш сезонава донесе три бода за својот тим.

Треба да знаете
Последни објави