Search

Роналдо: Многу сум среќен поради првиот трофеј, но ова е само почетокот

Фудбалерите на Јувентус синоќа во Суперкупот на Италија славеа против Милан со минимални 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Кристијано Роналдо.

После натпреварот, Португалецот изјави дека е многу среќен поради првата титула во Јувентус, но нагласи дека ова е само почеток.

„Беше многу тежок натпревар. Условите беа многу тешки затоа што беше многу жешко. Игравме добро, создадовме доста шанси и секако дека сум среќен поради тоа што го постигнав победничкиот гол. Среќен сум затоа што сакав да ја започнам 2019-та годиина со трофеј. Ова е мојот прв трофеј со Јувентус и мило ми е поради тоа“, изјави Роналдо и додаде:

„Ова е само почетокот, одиме чекор по чекор. Го освоивме овој куп, а сега мораме да одиме чекор по чекор за да дојдеме до следниот трофеј“, изјави Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави