Search

Роналдо е бесен поради вториот позитивен тест и порача „ПЦР е ср*ње!

Португалецот Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата и вчера беше позитивен на ковид-19, иако  е во самоизолација и се чувствува добро. Поради ваквиот исход на тестирањето играчот на Јувентус е лут што ќе мора да го пропушти големото дерби во Лигата на шампионите против Барселона за која настапува неговиот голем ривал во трката за индивидуалните признанија, Лионел Меси.

Ривалството меѓу Роналдо и Меси нема да го има во дуелот меѓу Јувентус и Барселона, па португалскиот репрезентатиец која коронавирусот го заработи за време на репрезентативните активности е лут и со пцовки се огласи на „Инстаграм“.

Роналдо на последната објавена фотографија напиша дека се чувствува добро и здраво, а потоа во коментари одговори „ПЦР е ср*ње“, алудирајќи на позитивниот тест.

Треба да знаете
Последни објави