Search

Роналдо го постигна 750. гол во кариерата

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Кристијано Роналдо во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Динамо Киев (3:0) се запиша еднаш во листата на стрелците. За 35-годишниот напаѓач, овој погодок беше 750. настапувајќи за клубовите и репрезентацијата на Португалија.

Точно 10 проценти од нив (75) тој ги постигна во дресот на Јувентус.

Роналдо постигна 5 гола за неговиот матичен клуб Спортинг, 118 за Манчестер јунајтед, 450 за Реал, 102 за националниот тим.

Кристијано е лидер по бројот на голови во Лигата на шампионите (132), а во историјата на репрезентациите е втор по Иранецот Али Даеи кој има 109.

Треба да знаете
Последни објави