Search

Роналдињо не го отпишува Јунајтед против Барса

– Легендарниот фудбалер на Барселона, Роналдињо даде свое видување во пресрет на четвртфиналниот реванш-дуел во Лигата на шампионите помеѓу неговиот поранешен тим и Манчестер Јунајтед.

Бразилскиот волшебник смета дека првиот гол на средбата ќе биде од исклучително значење, а ако тој биде одбележан од англискиот тим, тогаш домаќините ќе бидат разнишани.

Првиот меч на „Олд Трафорд” заврши со минимален успех за Каталонците со 1:0. Барса сепак е во монструозна форма, што се однесува до дуелите на домашен терен во Европа, откако нема пораз во 30 последователни натпревари.

– Вистината е дека Барселона мораше да го заврши натпреварот уште во Манчестер, бидејќи победа со 1:0 остава шанси на Манчестер Јунајтед за реваншот, изјави Роналдињо.

Сепак неговите очекувања се дека Барселона ќе продолжи напред.

-Мислам дека се чувствуваат удобно кога се домаќини, ако го постигна првиот гол на натпреварот. Но ако Јунајтед даде прв, никој незнае што може да се случи, додаде Бразилецот.

Треба да знаете
Последни објави