Search

Рома ја одби понудата на Вест Хем за Џеко

Италијанскиот клуб Рома ја одби официјалната понуда на лондонскиот Вест Хем Јунајтед за Един Џеко.

Според италијанските медиуми, англискиот клуб понудил 10 милиони евра, што за „волчицата” не е ни блиску до износот што го очекувала.

Имено, римјаните бараат 20 милиони евра за услугите на Џеко, но медиумите претпоставуваат дека тој ќе биде ослободен од својот клуб и за 15 милиони евра.

Един игра фантастично последниве четири сезони во Рома, постигнал 87 голови, со што го заземал седмото место на листата на најдобрите стрелци во историјата на клубот. 

Треба да знаете
Последни објави