Search

Рома си го обезбеди првото зимско засилување

Норвешкиот тим Бодо/Глимт, минатата сезона беше хит во фудбалската Конференциска лига на УЕФА. Во Европа тимот од Норвешка се прослави со убедливата победа против Рома (6:1) во групната фаза. Сезоната на меѓународната сцена Бодо/Глимт ја заврши во четврт-финалето, каде ги елиминира токму Рома.

Дебаклот на Рома во Норвешка го креираше Ола Солбакен. Крилниот напаѓач постигна два гола.

По тој меч тренерот на „римската волчица“ Жозе Мурињо побарал да му го донесат крилниот напаѓач во Рома.

Италијанските медиуми пишуваат дека Солбакен, во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Рим како слободен играч.

Норвежанецот ќе добие договор до 2027 година, според кој ќе заработува по еден милион евра годишно.

Треба да знаете
Последни објави