Search

Рома на лето најверојатно ќе го ангажира Диего Коста

Диего Коста во летниот преоден рок би можел да замине од Атлетико Мадрид и да стане член на Рома.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво” објави за силниот интерес на Римјаните за напаѓачот на „Црвената фурија”.

Неговиот договор со „Јорганџиите” е до 2021 година, но не е заинтересиран да го продолжи поради незадоволство од минутажата што ја добива кај Диего Симеоне. Во досегашниот тек на сезоната постигна само два гола и одлучен е во намерата да промени средина, откако сфати дека е не е прва опција за нападот.

Рома, пак, подолго време посакува да ангажира напаѓач за поддршка на Един Џеко, а ако успее во намерата, сигурно дека ќе го има еден од најдобрите напаѓачки тандеми во Серија А во наредната сезона.

Треба да знаете
Последни објави