Search

РОМАНТИЧНО: Скопјанецот Александар ја побара за жена Матеја во длабочините на Охридското Езеро

Александар Жакоски од Скопје денеска ја запроси Матеја исто така од Скопје на пет метри длабочина во Охридското езеро кај плажата Сараиште.

На оваа подводна свршувачка ѝ претходел мал подводен ритуал. Прстенот бил сокриен во едно сандаче, оставен на езерското дно. Овие млади луѓе пред кои е животот со нуркање, дошле до местото каде што било сандачето. Тогаш Александар го извадил прстенот и ѝ ја побарал раката на младата Матеја.

Извор: Сакам да кажам.мк

Треба да знаете
Последни објави