Search

„Романтичарот“ во љубовна врска со најубавата спортска водителка во Италија?

Познатиот турска убавец, актерот Џан Јаман, кој во моментов важи за еден од најубавите мажи на светот, наводно е во врска со атарактивната италијанска спортска новинарка Дилета Леота!

Адвокатот, модел и актер кој прку ноќ ги полуде жените ширум Балканот и Европа со својот совршен изглед и улогата во серијата која кај нас е преведена како „Романтичарот“,  неодамна престојувал во Рим на деловен ангажман, а обожавателките го опседнувале и следеле насекаде. Од пред хотелот, до каде и да се движел. Како и секогаш, тој со задоволство се сликал со сите и правел селфи, а фановите не го „пуштиле“ се’ додека не морал да плати и казна од 400 евра за кршење на пропишаните мерки против пандемијата на коронавирусот, како што подоцна пренесоа италијанските медиуми.

Иако секојдневно се пишуваше за Јаман за време на неговата посета на Италија, каде тој е исто така многу популарен, веста што сега одекна како бомба е дека актерот наводно бил виден со привлечната спортска новинарка  Дилета во хотелот во кој престојувал.

Нивната врска наводно била многу повеќе од пријателска. Букет цвеќе ја чекал Дилета во собата, нешто што таа го објави и на својот Инстаграм, а локалните медиуми ги објавија и изјавите на еден радио водител дека се видени и како наводно страсно се бакнуваат.

Јаман не ги коментираше овие написи, што беше и очекувано, бидејќи не сака да зборува за својот љубовен живот.

Претходно, турските медиуми го поврзуваа со колешката од популарната серија што ги направи славни, убавата Демет Оздемир, но сепак тие никогаш не ја потврдија или негираа оваа вест, туку секогаш само изјавуваа дека се многу добри пријатели.

Треба да знаете
Последни објави