Search

Романскиот министер Чамба се сретна со членовите на собраниската Комисија за европски прашања

Романија на претстојното шестмесечно претседавање со Советот на ЕУ очекува успешно претседавње со Унијата,  и покрај  големите предизвици со кои ќе се соочува за време  на ова претседателство, како што се пролетните избори за Европскиот парламент, повеќегодишната финансиска рамка,  како и  процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, порача романскиот министер-делегиран за европски прашања, Џорџе Чамба на денешната средба во Скопје со членовите на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на која беше придружуван од амбасадорот, Виорел Станила.

Во тој контекст, информираат од Комисијата, ја потврди романската  поддршка за  пристапување на Македонија во ЕУ, со укажување дека земјата мора да ги продолжи ЕУ реформите. Ја поздрави ратфикацијата на  Преспанскиот договор, кој  мора да се имплементира со донесување на амандманите на Уставот, со цел  Советот во јуни  да донесе одлука Македонија  да ги  отпочне  преговорите.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби го информираше Чамба за реализираните задачи, истакнувајќи ги,  пред се, ратификациите на Договорот за соработка со Бугарија,  како и на   Преспанскиот договор, и во тој контекст за текот на уставните измени, кои се во собраниска процедура. Притоа, истакна дека договорот е историска шанса  за Македонија и дека подобар договор не можело да се постигне.

Во однос на неопходниот консензус на ЕУ прашањата во земјата, истакна дека  тоа е заедничка  цел  на сите политички партии застапени во Парламентот, а доказ за тоа е токму Комисијата за европски прашања, каде  на сите 24 досега оддржани седници одлуките се донесени, без ниту еден глас против или воздржан. Исто така, информира  дека процесот на помирување меѓу  позицијата и опозицијата, во однос на насилствата од 27 април, е во завршна фаза, со изготвувањето на законското решение.

Се заблагодари на досегашната романска поддршка на  евроинтегративните процеси на Македонија, со  потенцирање  на потребата  Унијата да го продолжи поцесот на проширување со нови земји членки.

Треба да знаете
Последни објави