Search

Романскиот министер за правда поднесе оставка

Романскиот министер за правда Тудорел Тоадер денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата, затоа што „ја загубил поддршката” од владејачката Социјалдемократска партија (ПСД).

Оставката на Тоадер следи откако беше изложен на критики поради серијата закони што ги предложи, а кои беа оценети дека ќе ги ослабат напорите за спречување на политичката корупција. Критики на сметка на законите упати и ЕУ.

Романската премиерка Виорика Данчила ја прифати оставката на Тоадер, со оценка дека тој „не исполнил ниту едно ветување”.

Меѓутоа, Тоадер од своја страна, смета дека целосна ја исполнил својата должност.

Треба да знаете
Последни објави