Search

Романскиот министер за правда поднесе оставка

Романскиот министер за правда, Тудорел Тоадер, денес изјави дека поднесува оставка поради губењето на поддршката од владејачката Социјалдемократска партија.

Ваквиот потег на Тоадер е поврзан со неговите предлози за закон кој е критикуван и од Европската Унија, како нешто што ќе ги ослаби напорите за намалување на политичката корупција, објави АП.

Романската премиерка, Виорика Данчила, рече дека Тоадер не исполнил ниту едно ветување, а од друга страна тој смета дека ја исполнил својата должност.

Треба да знаете
Последни објави