Search

Романија предложи две имиња за еврокомесари

Романската Влада ги номинираше Сигфрид Муресан и Адина Валеан како можни европски комесари од оваа земја.

Сигфрид Муресан и Адина Валеан се европратеници од редовите на Европската народна партија. Тие доаѓаат откако Европскиот Парламент ја отфрли претходната кандидатка од Романија, Рована Плумб, номинирана од претходната романската влада, која во меѓувреме изгуби доверба. Новата влада ја води Лудовик Орбан.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн сега треба да избере од двајцата кандидати, врз основа на нивната компетентност, но ќе треба да го запази и родовиот баланс на нејзината Комисија.

Треба да знаете
Последни објави