Search

Романија и САД со заедничко соопштение против изградбата на „Северен тек 2“

Претседателите на САД и Романија, Доналд Трамп и Клаус Јоханис, потврдија дека се против изградбата на „Северен тек 2“.

„САД и Романија потенцираат дека енергетската безбедност е национална безбедност. Ние потенцираме дека сме против „Северен тек 2“ и други проекти што ги ставаат нашите сојузници и партнери во позиција на енергетска зависност од Русија “, се вели во заедничкото соопштение на двете земји кое го објави Белата куќа на крајот од посетата на романскиот шеф на државата на Вашингтон.

Во него се наведува дека „Романија има извори на природен гас што потенцијално овозможува да се зголеми благосостојбата на нашите земји и да се зголеми енергетската безбедност на Европа“.

САД и Романија се договорија да го разгледаат прашањето за учеството на САД во подобрување на инвестициската клима во Романија „во интерес на двете земји“.

Двајцата водачи ја повикаа индустријата на нивните земји за поблиска соработка со цел „да се поддржи реализацијата на целите на Романија во областа на нуклеарната енергија“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави