Search

Романија има 4.272 нови инфицирани лица од коронавирусот и починати 199

Бројот на новозаразени лица од коронавирусот во Романија стигна до 4.272, соопшти денеска Стратешката комуникациска група. Во претходните денови бројот на новозаразените лица  се искачи најмногу до 3.826. Вкупниот број на новозаразени од ковид-19 изнесува 479.634.

Од коронавирус во последните 24 часа починале 199 лица, што е пораст во однос на претходниот ден кога тој изнесуваше 138.

Во земјата вчера се извршени 9.551 тест. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус изнесува 11.530, додека 360.943 пациенти се излекувале.

Треба да знаете
Последни објави