Search

Ромалитико реагира на намалувањето на Буџетот за Поддршка на Декадата и Стратегија за Роми

Во текот на седницата одржана на 15 мај 2020, Владата на Република Северна Македонија донесе уредба за изменување и дополнување на буџетот за 2020 со цел да одговори на потребите на новонастанатата криза со Ковид вирусот. Со новиот ребаланс на Буџетот средствата наменети за Поддршка на декадата и стратегијата за Роми e намален за  34%, односно од 73 милиони денари на 48 милиони денари (основен буџет)

Во рамките на  буџетските корисници од приоритетните области од Стратегијата за Роми 2014-2020, направени се следните промени:

  1. Министерство за транспорт и врски – Од вкупниот планиран буџет од 40,000,000 денари, со ребаланс на буџетот истиот е скратен за 50%, новиот буџет изнесува 20,000,000 денари
  2. Министерство за труд и социјална политика – Од вкупниот планиран буџет од 8,330,000 денари, со ребаланс на буџетот истиот е скратен за 26% и истиот изнесува 6,141,000 денари
  3. Министерството за образование и наука – Oд вкупниот планиран буџет од 21,982,000 денари, со ребалансот на буџетот истиот е скратен за 15% и истиот изнесува 18,782,000 денари

Во услови кога Ковид19 вирусот предизвика сериозни економски и здравствени последици врз сите, а особено врз Ромската заедница, намалувањето на Буџетот за поддршка на имплементацијата и стратегијата на Ромите уште повеќе ја загрозува позицијата и придонесува за проширување на сиромаштијата кај Ромската заедница.

Кратењето на Буџетот за поддршка на имплементација на стратегијата за Роми е во спротивност со препораките на Европската Комисија, каде што во Извештајот за напредокот во 2019 се нотира дека “останува уште многу да се направи во имплементацијата на стратегијата се со цел поголема интеграција на ромската заедница“. Кратењето на буџетот од Министерството за транспорт и врски за 50% во услови кога ситуацијата со Ковид19 налага  хигиена и  дезинфекција е неоправдана имајќи во предвид дека сеуште одредени ромски населби не се асфалтирани, ниту пак имаат вода и канализација при што индиректно се загрозува здравствената состојба на Ромската заедница, но исто така означува чекор назад кон социјална инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.

Очекуваме дека препораките ќе бидат земени во предвид при имплементација на Буџетот за 2020 година, со цел да се овозможи интеграција на Ромите во општеството како и намалување на економските и здравствените последици од новонастаната криза со Ковид19. Веруваме дека овие препораки, директно ќе се одразат и на позитивни препораки од страна на извештајот на Европската Комисија во оценка на напредокот на имплементацијата на стратегијата на Ромите.

Препораките се достапни на следниот линк: https://www.romalitico.org/images/doc/vesti/Reakcija-budjet-2020.pdf

Треба да знаете
Последни објави