Search

„Ролинг Стоунс“ се заканија со тужба за Трамп

„Ролинг Стоунс“ преземаат понатамошни чекори за да го спречат Доналд Трамп да користи нивна музика на митинзи откако кампањата на претседателот ги игнорираше претходните писма да прекине со ваквата пракса, изјави претставник на бендот и додаде: „Ова може да е последен пат Трамп да користи песни на Џегер/Ричардс на своите кампањи.“

Во изјава за медиумите во саботата, легендарниот бенд објави дека нивниот правен тим и организацијата за авторски права (БМИ) испратиле уште едно предупредување до кампањата на Трамп дека, доколку претседателот продолжи да ја користи музиката на групата, тој ќе се соочи со тужба.

„БМИ ја извести кампањата на Трамп во име на „Стоунс“ дека неовластената употреба на нивните песни претставува кршење на договорот за лиценца,“ додаде претставникот на бендот. „Ако Доналд Трамп не го почитува предупредувањто , тој ќе се соочи со тужба за кршење на ембаргото и пуштање музика за која нема дозвола.“

Трамп ја пушти You Can’t Always Get What You Want на 20 јуни на митингот во Тулса, Оклахома, во рамки на претседателската кампања.

Многу музичари и групи, меѓу кои Принс, Ријана, Том Пети, „Ролинг Стоунс“, „Паника во диско“… го предупредија Трамп дека не сакаат нивни песни да  бидат дел од неговата кампања.

Треба да знаете
Последни објави