Search

Ролер трка 2019  „Возиме кон иднината”

ЈУ Детскиот културен центар „Карпош” со поддршка од  Град Скопје, денеска по осми пат ќе организира „Ролер трка 2019 “, наречена  „Возиме кон иднината”. Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат ученици од училиштата од градот и околината.

Стартната позиција ќе биде на Бул.„Илинден”, од пред фонтаната на Градскиот парк и се движи до клучката на бул „Илинден” со ул.„Никола Тесла” (кај ЈП Паркови и зеленило) и назад до целта.

-Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување. Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална и  од година во година е се помасовна, велат организаторите.

На ролеријадата ќе бидат доделени по три награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија.

Стартната позиција  ќе биде на булеварот „Илинден”, од пред фонтаната на Градскиот парк и се движи до клучката на булеварот „Илинден” со улицата „Никола Тесла” (кај ЈП Паркови и зеленило) и назад до целта.

На манифестацијата „Возиме кон иднината” минатата година учествуваа околу 700 ученици.

Треба да знаете
Последни објави