Search

Роланд Мурет избра бои за претстојната пролет

Францускиот дизајнер, познат по женствените креации и фустанот „галакси“, што го обожаваат многу славни дами, предлага оваа година да се почестиме со супер тонови.

Изберете само јаки нијанси, порачува Роланд Мурет со новата колекција на комплети, фустани и комбинезони.

Креаторот сугерира инспирација од цитрус, а како примери ги дава неон портокаловата и освежувачката боја на лимон.

Треба да знаете
Последни објави