Search

„Рокетси“ го декласираа шампионот, „Денвер“ победи по четири порази

Кошаркарите на „Хјустон Рокетс“ ги декласираа „Голден стејт Вориорс“ со 107: 86 нанесувајќи им го четвртиот пораз сезонава. Актуелниот шампион игра без капитенот Стеф Кари, а домаќините беа предводени од Џејмс Харден со 27 поени, по три скока и асистенции и две украдени топки.

„Хјустон“  во текот на целиот меч го диктираа ритамот, иако имаа шест поени разлика во првиот периор, втората четвртина заврши без победник за 47:41 на полувреме. Сепак, домаќините со фуриозна игра во третата четвртина ја зголемија разликата на 13 поени, а точка на мечот ставија во воведните минути од последната четвртина со серијата 21:0 за максималната предност 97:65.

Во „Хјустон“ добра партија прикажа Клинт Капела со по десет поени и скока, а кај „Вориорс“ најефикасен беше Кевин Дурант со за него скромни 20 поени, на кои додаде пет скока.

„Денвер Нагетс“ по четири порази во низа ја постигна десетата победа сезонава и гневот го истурија врз „Атланта Хоукс“ со убедливи 138:93. Никола Јокиќ постигна 12 поени, со девет скока и седум асистенции, четири освоени топки и една блокада. Сепак, најефикасен кај домаќините беше Хуан Хернангомез со 25 коша и девет скока. Кај поразените Џереми Лин со 16 коша и со по пет скока и асистенции.

Во последниот натпревар од ноќешната програма во НБА „ЛА Клиперс“ ги победија „Сан Антонио Спарс“ со 116:111 предводени од Лу Вилијамс со 23 коша. Кајпоразените најефикасен беше Демар ДеРозан со 34 коша, шест скока и пет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави