Search

Родители во Италија толку силно го лулале своето бебе што му предизвикале крварење во мозокот

Родители на осуммесечно девојче се осудени на по три години затвор во Италија затоа што толку силно го треселе своето дете што предизвикало крварење во мозокот на девојчето, а последица од тоа е трајно оштетување на видот, пишува весникот „Фанспејџ“.

Станува збор за таканаречениот „синдром на тресење на децата“.

Родителите, 50-годишен татко и 34-годишна мајка, го донеле повреденото дете во болница, тврдејќи дека паднало од креветот, а кога лекарите се посомневале во вистинитоста на нивните зборови, таткото, и покрај медицинскиот совет, потпишал изјава дека го изнесува детето од болницата на сопствена одгворност.

Девојчето по неколку дена повторно било хоспитализирано, а потоа медицинските прегледи потврдиле дека станува збор за синдромот на тресење на дете.

Овој синдром, кој се јавува по силно лулање односно тресење на малите деца, се смета за тешка форма на физичка злоупотреба на децата и е најчест кај деца до една година.

Според статистичките податоци, „синдромот на тресење на дете“ е прв на списокот за причинители на смрт кај новороденчињата.

Многу често ваквите случаи се јавуваат откако детето неутешно плаче, што може да предизвика бурна реакција од родителите.

Треба да знаете
Последни објави