Search

Родителите на децата со посебни потреби поставуваат шатори пред Владата во Софија

Родители на деца со посебни потреби во Бугарија од иницијативата „Системот нè убива” планираат да ги преместат шаторите на локација пред зградата на Владата, соопштија денеска претставници на иницијатива.

Демонстрантите во Софија деблокираа една од трите раскрсници што ги окупираа за време на антивладините протести, кои денеска влегоа во 33-от ден.

Откако полицијата во петокот ги отстрани шаторите од клучните крстосници во Софија, група демонстранти во саботата повторно ги поставија и го блокираа сообраќајот.

Полицијата овој пат не ги отстрани шаторите.

Полицијата соопшти ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите.

Треба да знаете
Последни објави