Search

Родилката од Куманово со ковид 19 е стабилна

Родилката од Куманово е стабилна и во моментов е сместена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје- велат за 24 инфо извори од Клиниката. Таа родила живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано  и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19.

Пациентката при приемот била без температура, но во својот исказ посочува дека пред 3 дена имала грозница и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа на тоа и дека нејзиниот свекор, исто така од Куманово, е позитивен на  Ковид- 19.

Вчера  родилката почна да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави