Search

Родила осумка и станала порно актерка: „Се впуштив во црна дупка. Како да немаше враќање за мене“

Надија Сулејман од Калифорнија ги полнеше насловните страници во 2009-та година, откако родила осум деца одеднаш и така станала мајка на 14 деца, бидејќи пред осумката имала шест деца.

Таа ја откупила својата новостекната слава како „Октомама“ во филмовите за возрасни, но морала да се бори против обвиненијата дека намерно имплантирала ембриони за да заработи од рекордната бременост.

Надија открила како е да се живее работејќи како порно актерка и стриптизета, но и како се борела да заработи пари и да се прехрани себе и своите деца.

Жената, која сега има 43 години, признала дека со својот имиџ „Октомама“, успеала да ги поништи улогите во порно филмовите и да го врати животот на правиот пат.Сулејман открила дека моментално нејзиниот „најголем предизвик“ е нејзиниот аутистичен син.

„Тој има 13 години, но секогаш ќе биде мое бебе. Од неговото раѓање се грижам за него и ќе умрам правејќи го истото, тоа е всушност она што сум јас“, рекла таа.

Надија, која сега има 14 деца, пред 10 години се соочила со осудување од јавноста, кога се испоставило дека наводно имплантирала ембриони и дека е лоша мајка. Поради тоа наводно се борела да најде работа, а подоцна нашла во филмската индустрија за возрасни. На крајот Надија била осомничена дека е измамник.

„Паднав во црна дупка, буквално. Како да немаше враќање за мене. Во порно филмовите го правев тоа што ќе ми кажеа да го правам и го зборував тоа што ќе ми кажеа да го кажам… Бев себична и незрела. Се преправав дека сум лажна, карикатура и тоа го правев од очај и поради тоа што немав пари за да можам да го издржувам своето семејство“, се потсетила.

Според нејзините зборови, тоа што ја натерало да се промени се нејзините ќерки, особено најстарата, која почнала да го интегрира нејзиното однесување кога имала околу 10 години.

„Забележав дека ќерката почнува да ме имитира, гледав како оди по тој ист потенцијално деструктивен пат. Во тој момент сфатив дека подобро да бидам бездомник во моето комбе со сите 14 деца, отколку да продолжам по овој пат. Тоа не е она што го сакав за моите деца“, раскажала искрено Надија.

Целата ситуација стигнала до степен Надија да падне во депресија, но потоа почнала да оди на терапија и рехабилитација во 2012-та година. Сега има диплома и работи како советник за детски развој.

Треба да знаете
Последни објави