Search

Родено првото бебе од трансплантирана матка од почината жена

Бразилка родена без матка, стана првата жена во светот што родила здраво женско дете од трансплантирана матка, донирана од почината жена.

Ова е прв ваков случај во светот, истакнуваат научниците, додавајќи дека ова е пресвртница и надеж за сите оние жени и брачни двојки кои се борат со неплодноста.

Мајката на бебето е 32-годишна жена од Сао Паоло, која побарала да остане анонимна. Таа поради ретко генетско нарушување е родена без матка, а донорот е 45-годишна жена која во 2016 година починала од излив во мозокот. Хируршкиот зафат траел 11 часа.

Седум месеци по трансплантацијата, на жената ѝ се имплантирани осум оплодени јајце-клетки. Девојчето е родено со царски рез во 35. недела и било тешко 2.550 грама.

Слични хируршки процедури веќе се применуваат во Шведска и САД. Но, досега тоа секогаш бил жив донатор, и сите претходни зафати биле неуспешни.

Треба да знаете
Последни објави