Search

Роденденска недела во ЈП Лајка

На нашиот ПРВ роденден ќе ги прескокнеме непотребните трошоци за прослава и цела недела вниманието и подароците да им ги посветиме само на нашите штитеници кои сеуште бараат дом. На оние кои се невдомливи, а константно имаат потреба од нега, на оние кои полека но сигурно закрепнуваат, на вдомувачите и секако на дружбата со вас. Одбележувањето на првата годишнина од работата на ЈП Лајка ќе биде в четврток на 14 окотмври во периодт од 10 до 16 часот.

-Нашата листата на желби и потреби за кучињата е бесконечна и тоа се работи кои постојано се трошат и од кои имаме потреба од нови и нови.
Сите кои што сакаат можат роденденски да ги израдуваат нашите крзнени пријатели и да им подарат:
 Користени но употребливи ќебенца и прекривки
– Грицки и дехидрирана храна
– Поводници и околувратници
– Подметачи и креветчиња
– Играчки
– Метални чинии
– Виршли
– Витамини
– Ампули и каишки против болви и крлежи
– Пилевина и слама
– Градежни материјали: нелизгави плочки и лепак за плочки, бекатон и песок, даски и метални панели.
Особена благодарност до сите кои цела година не поддржуваат и се грижат за сите потреби на кучињата.
Треба да знаете
Последни објави