Search

Роденденот на лидерот Ким Џонг-ун ни следната година нема да се прослави како празник

Роденденот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најверојатно ни следната година нема да се прослави како празинк, јавува Радио слободна Азија (RFA).

Како што се објаснува, во новогодишниoт календар кој неодамна го објави Северна Кореја, 8. јануари, роденденот на Ким е означен како редовен работен ден.

Во календарот за 2019. година, се наведува дека роденденот на Ким Џонг-ил, покојниот татко на актуелниот лидер на Северна Кореја,  се слави на 16. февруари, додека роденденот на неговиот дедо Ким Ил-сунг на 15. април е одбележан како празник.

Северна Кореја не го прославува роденденот на својот лидер како национален празник од неговата инаугурација во 2012. година, потсетува „Јонхап“.

Треба да знаете
Последни објави