Search

Роби Телекабел претепа сопственик на кафуле во Штип

Роби Телекабел претепа сопственик на кафуле во Штип

Роберт Димитров, сопственикот на Телекабел и 24 Вести, ноќеска во дискотеката „Клик“ во Штип го нападнал и претепал сопственикот на кафулето „Илужн“, Ацо Панов. Притоа, во нападот му се придружиле сите од неговото друштво, вклучувајќи го и борачот Жарко Коцев, кој пред една недела излегол од затвор.

Ацо Панов во моментов е хоспитализиран на хируршкото одделение во Клиничката болница во Штип. Ова го потврдија од болницата, од каде добивме информација дека по примемот на Панов, кој имал повреди на главата, интервенирал неврохирург и е задржан на понатамошно лекување.

„Пациентот е шиен на главата со триесетина конци“, ни потврди доктор Мики Лазаров. Инцидентот го потврдуваат и од полицијата, но засега не даваат детали додека не заврши истрагата во која е вклучено и Основното јавно обвинителство.

„Во моментот од страна на полицијата и надлежен обвинител се сослушуваат учесниците. Со информации од кривично – правниот настан ќе излеземе утре“, изјави Гордана Панајотова, портпаролка на СВР Штип.

Повредениот Ацо Панов во телефонски разговор, одвај говорејќи, кажа дека има повреда на главата, на градникот кош, р`бетот, лицетото и рацете. Ни објасни како дошло до инцидентот.

„Седев со друштвото во дискотеката „Клик“, кога одеднаш Роберт Димитров без никаква причина ме нападна, земајќи го шишето од масата удирајќи ме по главата. Оттука му се приклучија од неговото друштво, кои беа со него, поранешниот затвореник Жарко Коцев, неговото обезбедување и некои негови другари, кои беа таму со него. Ме нападнаа и фрлаа со чаши, со шишиња, со сѐ што имаше по масата“, изјави Панов.

Прашан за мотивитите за нападот, Панов претпоставува дека е нетрпеливост, по инцидентот што пред еден месец го имал со момчето на внуката на Роберт Димитров. Расправијата во кафичот на Панов, продолжила на улица, кога дошло и до физичка пресметка. На случајот работеа од полицијата и Обинителството.

По овој случај, како што дознаваме, Димитров му се заканувал на Панов по телефон. Ова на Роберт Димитров не му е прв случај на крвава тепачка. Во 2012 година го претепа синот на поранешниот сосптвеник на „Брилијант“ Мите Николов, Мишко и еден негов другар, кои завршија со тешки повреди по главата и лицето. Во септември 2014 година Роберт Димитров замина во затвор, каде помина шест месеци, јави Канал 77.

Треба да знаете
Последни објави