Search

Роби Вилијамс стана татко по четврти пат

Пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд објавија дека го добија четвртото дете, нивно второ преку сурогат мајка.

„На овој Ден на вљубените сакаме да ја прославиме љубовта на најубавиот можен начин. Нашиот син е роден преку истата неверојатна сурогат мајка како и нашата најмала ќерка Коко. Сега и официјално сме комплетни како семејство“, напиша Ајда на својот Инстаграм.

Британскиот пејач и Филд се родители и на Теодора (7) и Чарлтон (5). Колет (Коко) Џозефин ја добија во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави