Search

Роби Вилијамс призна дека сакал да се самоубие

Пејачот Роби Вилијамс призна дека размислувал за самоубиство. Иако уживал во моментите на слава, пејачот имал и лоши моменти во периодот кога беше дел од групата „Take that“.

Говорејќи за деновите на најголема слава со „Take that“, 45-годишниот пејач призна дека чудната куќа во која живеел во комбинација со опијатите кои ги земал за малку ќе го чинеле живот.

Тој слушал гласови и чекори и поради тоа, како што признал, мислел дека ќе полуди.

„Веднаш ми беше чудна, темна и со некаква енергија“, рекол Роби за куќата во Примроус Хилс во која живеел со поранешната девојка.

„Тогаш земав многу кокаин. Во куќата слушав чекори како се качуваат по скалите нагоре. Поранешната девојка мислеше дека тоа е дедо ѝ. Влегував во автомобил и ‘тоа’ влегуваше со мене на задното седиште. По два месеца повеќе не можев да го поднесам и да се справам со тоа, сакав да се убијам“, рекол Роби.

Тој додал дека еден ден се разбудил и видел темна магла. Тоа било капката што ја прелила чашата. Роби заминал во хотел, а подоцна дознал дека куќата била изградена на гробишта.

Неговата сопруга, Ајда Филд, пред неколку години потврди дека Роби во времето кога ја доживеал најголемата слава со „Take that“ размислувал за самоубиство.

„Имало период во неговиот живот кога мислел дека повеќе не може да постои“, рекла таа.

Треба да знаете
Последни објави