Search

Роберт Де Ниро, Мајк Мајерс, Крис Рок во мистериозен филм на Дејвид Расел

Тој се врати за својот прв филм по повеќе од пет години.

Режисерот Дејвид О. Расел продолжува да регрутира големи имиња за неговиот строго доверлив проект кој моментално се снима во Јужна Калифорнија.

Во најавата за филмот, медиумите пишуваат дека новиот проект е голема мистерија бидејќи ништо не се открива за содржината.

А во четвртокот, „Дедлајн“ објави три големи имиња во актерската екипа – Роберт Де Ниро, Мајк Мајерс и Крис Рок.

Ова ќе биде втор пат Де Ниро да работи со овој режисер. Тој претходно глумеше во Silver Linings Playbook со Џенифер Лоренс и Бредли Купер.

Регрутирањето на познати актери не запира тука. На екипата ќе ѝ се придружи и Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на Нетфлисковата хит серија „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit) во која таа покажа извонредна глума.

Треба да знаете
Последни објави