Search

Роберт де Ниро и Ал Пачино заедно на сцената при доделувањето на наградите „American Icon Awards“

Роберт де Ниро и Ал Пачино повторно се најдоа рамо до рамо и направија збрка кога се појавија заедно на сцената при доделувањето на престижните награди „American Icon Awards“ во еден хотел во Калифорнија.

Двете актерски легенди излегоа на сцената, а потоа Ал го фати околу половината Роберт, кој одржа говор во чест на својот пријател.

Роберт се појави во сина кошула и црн костум, додека Пачино избра смокинг за оваа пригода.

Двајцата пријатели срдечно се гушнааа, а притоа не недостасуваше ни хумор, па на сцената разменуваа хумористични коментари што ги насмеаја и ги забавуваа сите присутни.

„Тоа ме разбуди. Тоа е одлично!“ изјави Ал за „Би-би-си“ за неговата награда.

Роберт и Ал глумеа заедно во култните филмови како што се „Heat”, „Кум 2″ и „Праведно убиство”.

Треба да знаете
Последни објави