Search

Роберт Вуд: Наградата за убиство на Трамп е смешна понуда

– Понудата на иранскиот пратеник за награда од три милиони американски долари за оној што ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп е смешна, изјави денеска американскиот претставник во разговорите за разоружување, Роберт Вуд.

Според него, изјавата „укажува на терористичката основа на иранската Влада”.

– Тоа едноставно е смешно, но дава чувство за терористичките основи на тој режим кој мор да го смени своето однесување, им рече Вуд на новинарите во Женева.

Иранскиот пратеник Ахмад Хамзех на седница на парламентот понуди награда од три милиони долари „за оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп”.  Хамзех ја понуди наградата „во име на луѓето од провинцијата Керман”, но не прецизираше дали одлуката за закана на американскиот претседател ја донеле иранските верски водачи.

Керман е родното место на Касем Сулјемани кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад со дрон во близина на Багдад.

Треба да знаете
Последни објави