Search

РК Бутел гази во Суперлигата, го совлада и Пролет

РК Бутел гази во Суперлигата, го совлада и Пролет

Ракометарите на Бутел Скопје ја забележаа третата победа во Суперлигата, откако славеа на гостински терен против тимот на Пролет со 20-22. Во интересен натпревар, момците на Игор Котевски подобро се снајдоа во финишот.

Пролет водеше на неколку пати со по три голови разлика, на полувреме замина со истата предност, 12-9. Во второто полувреме домашните успеваа да одржат од еден до два гола, но промашуваа од чисти ситуации.

Казната стигна, па по 20-19 за Пролет, во 55. минута домашните не постигнаа ниту еден гол, а гостите преку Мојсоски и Мајиќ на двапати реализираа за 20-22 и голема победа. Радоста по големиот триумф ја поделија со големиот број нивни навивачи во салата.

Најдобри стрелци во победата на Пролет беа Мојсоски со седум и Мајиќ со пет гола, додека кај Пролет се истакна Андоновски со шест и Мајнов со пет погодоци. Добра партија меѓу стативите оствари и голманот Панченко, кој забележа 14 интервенции, од кои 3 седмерци.

Тимот на Охрид пак немаше проблеми против Вардар Јуниор на домашен терен и го победи со 30-21. Победата беше обезбедена уште во првиот дел, кога момците на Горан Андоновски водеа со 16-12. Најдобри стрелци во домашниот тим беа Иван Тасески со седум голови, а по пет дадоа капитенот Крсте Андоновски и Златко Везенковски со по пет погодоци.

Радовиш немаше проблем на гостувањето кај Прилеп со 25-33. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ивица Илиев со 12 голови и Божидар Симиќ со осум голови, додека кај Прилеп се истакна Пеце Ѓорѓиоски со осум голови.

Треба да знаете
Последни објави